logo
logo
logo

УНРВА: На прагот сме на хуманитарно цунами во Газа

Vecer | 02.12.2023

УНРВА: На прагот сме на хуманитарно цунами во Газа

- Она од што се плашиме е дека ќе се вратиме таму каде што бевме во првите недели кога имаше апсолутна забрана, херметичка опсада во Појасот Газа - со последици кои се уште се чувствуваат, изјави за Би-Би-Си, Жулиет Тума, портпаролка на УНРВА.

Таа вели дека има напори да се продолжи со испораката на хуманитарна помош и повика на прекин на огнот.

- Ние сме на прагот на хуманитарно цунами во Појасот Газа, истакна Тума.

Во меѓувреме, израелската војска нареди нова евакуација на Палестиците од Појасот Газа. На платформата Х објавени се мапи на арапски јазик на кои е прикажано од кои делови на Газа треба да се евакура палестинско население и каде да заминат.

Меѓу населбите кои Палестинците мора да ги напуштат се Џабалија, Шејаја, Бани Сухаил, Кан Јунис. Жителите на овие наслеби се упатуваат кон засолништата во Рафах на границата со Египет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk