logo
logo
logo

Вашингтон и Лондон засега без зелено светло за Киев да користи ракети со долг дострел

Vecer | 14.09.2024

Вашингтон и Лондон засега без зелено светло за Киев да користи ракети со долг дострел

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот да не и дозволи на Украина да истрелува ракети со долг дострел кон Русија. Путин рече дека таквиот потег ќе значи директно вклучување на НАТО во војната во Украина и оти на тоа соодветно ќе биде одговорено.

САД и Велика Британија засега не и даваат дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел против цели во Русија, токму поради страв од ескалација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги повика западните сојузници да дадат дозвола, нагласувајќи  дека тоа е единствениот начин да се стави крај на војната. Киев тврди дека со тоа што не му е дозволено да гаѓа бази во Русија од каде се вршат напади врз Украина, се попречува украинската способност за самоодбрана.

Обединетото Кралство, по упадот на украинските сили во рускиот регион Курск минатиот месец, соопшти дека Украина „има право“ да користи оружје испорачано од Британија за „самоодбрана“, што „не ги исклучува операциите на територијата на Русија“.

Сепак, ова ја исклучува употребата на ракети со долг дострел Сторм Шедоу на територијата надвор од меѓународно признатите граници на Украина.

САД, пак, и испорачаа проектили со долг дострел на Украина претходно оваа година, но не беше дадено одобрение за употреба против цели длабоко на територијата на Русија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk