logo
logo
logo

(ВИДЕО) СÈ Е ПОД ВОДА: Вака изгледа автопатот кај Виена

Vecer | 16.09.2024

(ВИДЕО) СÈ Е ПОД ВОДА: Вака изгледа автопатот кај Виена

На социјалните мрежи кружи видео од јужниот автопат А2 во Австрија од Виена до Грац и Клагенфурт, на кое се гледа дека делот кај Винер Нојдорф во близина на главниот град е бескраен каллив порој.

Неколку реки во Централна и Источна Европа денеска се излеаја, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку десет луѓе од Полска до Романија, а многу градови беа погодени од поплави по неколкудневните обилни врнежи што ги донесе циклонот Борис.

Меѓу најтешко погодените беа пограничните области меѓу Чешка и Полска, каде што се урнаа некои мостови и беа уништени куќи, додека села и градови во источна Романија беа потопени.

Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу Виена и на границата со Чешка за област на катастрофа.

Метеоролозите на јавната телевизија ОРФ предвидоа уште повеќе врнежи во одредени делови на Австрија, како Тирол и источниот дел на земјата.

Иако нивото на водата се намали во Виена, денеска имаше огромни проблеми во јавниот превоз, па повеќето од линиите на метрото во градот со два милиона жители само делумно функционираа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk