logo
logo
logo

Власти на САД: Кинеските државјани, кои се борат на страната на Русија, се платеници

Vecer | 12.04.2025

Власти на САД: Кинеските државјани, кои се борат на страната на Русија, се платеници

Американските власти рекоа дека кинеските државјани се чини дека добиле минимална обука и немале видливо влијание врз руските воени операции.

Поранешен западен разузнавач рече дека околу 200 кинески платеници се борат за Русија.

Шефот на американските сили во Индо-Пацификот, адмирал Самуел Папаро, во средата потврди дека украинските сили заробиле двајца мажи со кинеско потекло во источна Украина, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има информации дека 155 кинески државјани се борат на страната на Русија.

Кина рече дека изјавите на Зеленски се неодговорни и дека Кина не е страна во војната.

Волонтери од западните земји, вклучително и од САД, се борат за Украина уште од првите денови на војната.

Северна Кореја распореди повеќе од 12.000 војници за поддршка на руските сили, наведува Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk