logo
logo
logo

Во Азербејџан се оддржуваат предвремени парламентарни избори

Vecer | 01.09.2024

Во Азербејџан се оддржуваат предвремени парламентарни избори

Претходните избори што се одржуваа по независноста од Советскиот Сојуз не се сметаа за целосно слободни или фер, а гласањето за парламентот не се очекува да донесе значителни промени во телото во кое доминира Новата Азербејџанска партија на претседателот Илхам Алиев.

Според Уставот, изборите треба да се одржат во ноември, но Алиев нареди тие да се одржат два месеци порано бидејќи главниот град Баку тогаш ќе биде домаќин на разговорите во Обединетите нации за климата, попознати како COP29.

Алиев и неговиот покоен татко, Хејдар Алиев, управуваат со Азербејџан со цврста рака од 1993 година, потиснувајќи ги противниците, бидејќи земјата со речиси 10 милиони жители на брегот на Каспиското Море ужива се растечко богатство благодарение на огромните резерви на нафта и природен гас.

Партијата Нов Азербејџан има 69 од 125 места во парламентот, а најголемиот дел од останатите припаѓаат на мали провладини партии или независни партии.

Партијата Мусават, најголемата опозициска партија, истакна 34 кандидати за денешните избори, но само 25 се регистрирани.

Опозициската партија Републиканска алтернатива има 12 кандидати. 

Националната изборна комисија соопшти дека 50 организации ќе ги набљудуваат изборите./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk