Во Берлин, каде поради страв од немири беа мобилизирани бројни полицајци, приведени се околу 330 лица, соопшти полицијата.
Повредени се вкупно 13 полицајци, од кои еден потешко и морал да биде опериран. Тој бил погоден со нелегално произведено пиротехничко средство, изјави портпаролот на полицијата.
Неколку полицајци и спасувачи биле погодени со пиротехнички средства за време на интервенциите на новогодишната ноќ, рече портпаролот, но додаде дека, за разлика од некои претходни години, во Берлин немало насилство или поголеми инциденти.
Германците традиционално ја слават Новата година со особено интензивна употреба на огномет, што редовно предизвикува дебата за забраната на најмоќните средства поради зголемениот број на повреди, но и поради загадувањето и силната бучава што ја произведуваат. ј
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата