logo
logo
logo

Во израелските напади врз Појасот Газа за еден ден загинаа 51 човек

Vecer | 27.04.2025

Во израелските напади врз Појасот Газа за еден ден загинаа 51 човек

Израел на 18 март го прекина двомесечното примирје со Хамас и оттогаш спроведува секојдневни напади врз Појасот Газа. Израелската армија ја прошири тампон зоната и го опколи јужниот град Рафа и сега под контрола држи околу 50 проценти од палестинската енклава.

Израел воведе и блокада на Појасот Газа, поради што околу два милиони Палестинци се соочуваат со недостиг на храна и на лекови. Според хуманитарните организации резервите со храна се при крај и илјадници деца се неисхранети.

Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, 7 октомври 2023 година, вкупно загинаа 52.243 Палестинци, меѓу кои и голем број деца и жени./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk