logo
logo
logo

Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица

Vecer | 11.10.2024

Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица

Израелската авијација третпат за дваесетина дена ги напаѓа јужните предградија на Бејрут, каде што се наоѓа упориштето на Хезболах.

Тоа е најсмртоносен напад откако Израел на 23 септември почнаа нападите врз либанското проиранско движење Хезболах. Оттогаш во нападите на израелската армија (ИДФ)  ширум Либан убиени се повеќе од 1.200 луѓе, а еден милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.

Едниот напад беше во областа Рас ал Наба, а другиот во квартот Бурџ Аби Хаидар. Либанското Министерство за здравство соопшти и дека при еден од израелските напади во Бејрут урната е зграда.

Според неименувани либански безбедносни извори мета на синоќешните израелски напади бил Вафик Сафа, кој ја предводи единицата за врски и координација на Хезболах одговорна за соработка со либанските безбедносни агенции. Сафа го преживеа нападот.

Обидот за елиминација на Сафа значи дека ИДФ ги прошири целите, бидејќи претходно беше фокусирана на воените команданти и највисоките лидери на Хезболах.

Израел повторно ги интензивира и воздушните и копнените операции во Појасот Газа. Палестинската Црвена полумесечина вчера соопшти дека во нападот врз училиштето Рафида во Деир ел-Балах во центарот на Појасот Газа, во кое се засолнуваат раселените семејства, загинаа 28 лица, а 54 се повредени.

Израелската армија тврди дека користи „прецизни воздушни напади врз терористите кои дејствуваат во згради, што претходно биле користени како училишта“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk