logo
logo
logo

Во Париз утре состанок на неколку европски лидери на ЕУ за Украина

Vecer | 25.02.2024

Во Париз утре состанок на неколку европски лидери на ЕУ за Украина

На средбата во Елисејската палата ќе присуствуваат европски лидери, меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот претседател Анджеј Дуда, како и премиерите на 15 земји од ЕУ.

На собирот преку видео врска ќе се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Претставниците на Унгарија и Словачка, двете земји од ЕУ најмалку наклонети кон Украина, нема да присуствуваат поради претходно закажаните обврски“, се вели во соопштението на француското претседателство.

На средбата ќе присуствуваат американски и канадски претставници, како и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.

„Целта на состанокот е да се разгледаат сите средства за ефикасна поддршка на Украина“, се додава во соопштението.

Од Елисејската палата додаваат дека „целта на средбата е и да се испрати порака дека постои волја да се запре руската инвазија на Украина, како и порака до рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во Украина“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk