За да ги забавува гостите на вечерата, тој ги принудувал затворениците да си играат кучиња, магариња, мачки или други животни. Оние кои не успеале да ги исполнат своите улоги биле тепани, пренесува „Дејлимејл“ во новиот извештај за тортурите во затворите на Башар ал Асад низ Сирија.
„Кучето мора да лае, мачката мора да мјаука, петелот мора да кукурика“, се присетил еден поранешен затвореник и продолжил:
„Хитлер се обидуваше да ги скроти. Кога ќе го гали едното куче, другото треба да се однесува љубоморно“, додаде тој.
„Хитлер“ бил затворски чувар во воздухопловната база Меза во Дамаск, а неговата садистичка природа била немилосрдна дури и според стандардите на Сирија на Асад.
Во затворот Меза, стражарите често ги обесувале затворениците на оградата, голи и ги полевале со вода во студените ноќи. „Њујорк тајмс“ го опиша случајот со затвореник кој бил згмечен во гума и претепан.
Му било кажано дека жената што врескала, која не можел да ја види, всушност била неговата мајка. Тој изброил 19 другари од ќелијата кои умреле од болест, тортура или запоставување за само еден месец.
Од падот на Асад, многу медиуми се преплавени со слики на бунтовници кои ги отвораат затворите, збунети затвореници кои се сопнуваат низ отворените врати, плачливи жени кои трепкаат на дневна светлина и дете кое излегува од отворената ќелија.
На снимката се гледаат мажи како дупчат низ челичните плочи за да ги откријат подземните делови од затворот, во кој се сместени илјадници луѓе. На видеото објавено од турски новинар на мрежата Х, се гледа како група ослободени затвореници трчаат по улиците. Еден од нив го прашува камерманот: „Десет години бев во затвор, што се случи?“.
Друг човек, кој го видел ослободувањето на затворениците, рече дека некои од нив биле таму толку долго што мислеле дека биле ослободени од поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, кој беше погубен во 2006 година.
What happened inside Assad's prisons where thousands suffered 72 types of torture and 157,000 people have vanished: As new horrors are revealed by the hour, DAVID PATRIKARAKOS beholds atrocity on staggering scale
— Bob For A Full Brexit (@boblister_poole) December 10, 2024
via https://t.co/4N6UmtOGib https://t.co/RrJ3VF6HoD
Ништо не ја претставува бруталната, садистичка природа на режимот на Башар ал-Асад како неговите затвори. Тие биле и симбол и алатка на насилството и репресивната тактика на режимот.
Резултатот бил систематска кампања на апсење на сите оние кои режимот ги сметал за непријатели, без разлика дали биле демонстранти, бранители на човекови права, политички неистомисленици, лекари кои лекувале демонстранти, лидери на опозицијата или членови на семејствата на сите споменати.
Затворите, на крајот, се споменици на државното насилство и сузбивање на опозицијата. Мачење, силување и убиства, каде режимот ги вршел овие ужаси без дискриминација - врз мажи, жени и деца. Овие затвори се озлогласени не само во Сирија, туку и на целиот Блиски Исток, а обемот на злосторствата е запрепастувачки.
Сириската мрежа за човекови права тврди дека од почетокот на сириската револуција во март 2011 година, над 157.000 луѓе исчезнале во овие затвори. Меѓу исчезнатите имало 10.221 жена и дури 5.274 деца.
Садизмот е зачудувачки. Новата снимка од еден од затворите покажува направа за мачење која потсетува на средновековна направа за кршење коски и егзекуција на затвореници. Мрежата за човекови права документирала 72 различни методи на тортура што ги користел режимот.
Тие вклучуваат електрични шокови на гениталиите или обесени тегови на нив, горење со масло, метални шипки, барут или запаливи пестициди, дробење глави помеѓу ѕидот на келијата и вратата, прободување со игли или метални шилци, лишување од облека, капење, санитарни услови и така натаму...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата