logo
logo
logo

За прв пат по инвазијата на Русија украинскиот министер Кулеба ќе ја посети Кина

Vecer | 24.07.2024

За прв пат по инвазијата на Русија украинскиот министер Кулеба ќе ја посети Кина

На видеото објавено од Министерството за надворешни работи на Украина се гледа како Кулеба пристигнува на состанок во градот Гуангжу и разговара со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Тоа е прва посета на украинскиот министер за надворешни работи на Кина од почетокот на војната во 2022 година.

Кулеба во видео порака рече дека ќе имаат опсежни и детални преговори за изнаоѓање заеднички јазик во потрагата по мир во Украина. Кулеба пристигна во Кина во вторник, а треба да замине в петок.

Ванг рече дека Кина им придава големо значење на односите со Украина.

Наведувајќи го растот на трговската размена меѓу двете земји, тој рече дека нивните односи продолжуваат нормално да се развиваат „и покрај сложените и постојано променливи меѓународни и регионални ситуации“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk