Во текот на шест дена, Меѓународниот суд на правдата сослуша невиден број земји, дури 52, а повеќето од нив утврдиле дека Израел го крши меѓународното право и повикале на формирање независна палестинска држава, објави Л.А. Тајмс.
„Вистинската пречка за мирот е очигледна, продлабочената израелска окупација на палестинските територии, вклучително и источен Ерусалим и неуспехот да се имплементира визијата на две држави, Израел и Палестина кои живеат една до друга“, рече меѓу другото турскиот заменик министер за надворешни работи Ахмет Јилдиз. .
Сослушувањата се однесувале на барањето на Генералното собрание на ОН за необврзувачко мислење за законитоста на политиката на Израел. Судот ќе даде мислење „во догледно време“. Во просек, советодавните мислења се објавуваат шест месеци по усната постапка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата