logo
logo
logo

Жителка на украинскиот град Славјанск осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство

Vecer | 04.11.2024

Жителка на украинскиот град Славјанск осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство

„По јавна постапка на регионалното обвинителство на Доњецк, судот ја прогласи граѓанката за виновна за велепредавство (...) таа е осудена на 15 години затвор и конфискација на имот“, објави главното обвинителство на Украина на „Телеграм“. 

Според обвинителството, меѓу март и април 2024 година обвинетата му предала информации за украинската војска на свој познаник, кој служи во руската армија.

Обвинителството тврди дека ја предало и точната локација на украинските сили стационирани во Славјанск, како и локацијата на контролните пунктови во регионот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk