logo
logo
logo

Мицкоски на средби со инвеститори во Дубаи: ПРЕТСТАВЕНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 17.04.2025

Мицкоски на средби со инвеститори во Дубаи: ПРЕТСТАВЕНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Во рамкитe на мојот престој во Дубаи остварив повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар, основач и управен директор на Eagle Hills, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди кој е директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал  Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција, информира премиерот Христијан Мицкоски.

1.Иналу Игл Хилс е приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Компанијата веќе има инвестирано во Албанија, Унгарија и Србија.

2.Абу Даби развојниот холдинг од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.

Само за илустрација во 2024 година, ADQ и владата на Египет потпишаа договор за ADQ да инвестираат 35 милијарди американски долари во развојот на Рас ел-Хекма на египетскиот медитерански брег.  Договорот му дава право на ADQ да развие 130 милиони квадратни метри земја, и е најголемиот договор за странски инвестиции во историјата на Египет.

3. Додека Масдар е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција.

Масдар е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција.

Со сите овие компании разговарав за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најдеме на инвестициската мапа на овие светски економаки гиганти. Даваме се за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани.

Ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори.

Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој, напиша Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk