Пејачката Теа Таировиќ направи вистински спектакл на својот прв настап во Дубаи, но вечерта остана запаметена по нешто друго - балканскиот милијардер Рача Рифко, родум од Сандџак, потроши неверојатни 100.000 евра за време на нејзиниот настап!
Рифко, кој веќе беше во фокусот на медиумите поради гламурозната забава со Драгана Мирковиќ, овој пат го фокусираше вниманието на Теа. Се испраќаа шишиња од елитниот „Дом Перинјон“, по цена од 1.200 евра за едно, директно во неговиот луксузен сепаре.
Теа на сцената блесна во светкаво трико, кој го истакна нејзиниот сексапил, а атмосферата достигна врв кога го отпеа хитот „Идем у Дубаи“. Публиката беше во транс, а специјалниот гостин очигледно не штедеше за да ѝ го покаже своето воодушевување.
Настапот во Обединетите Арапски Емирати дефинитивно ќе остане запаметен како една од најгламурозните вечери во кариерата на Таировиќ, која со секој нов настап потврдува дека е миленичка на публиката — и на богатите обожаватели.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата