logo
logo
logo

Сатја Грабулоски направи јакна со ликот на Брајан Адамс - Канадскиот музичар ја доби по концертот во Скопје

Vecer | 30.04.2025

Сатја Грабулоски направи јакна со ликот на Брајан Адамс - Канадскиот музичар ја доби по концертот во Скопје

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски спортски и музички имиња, ја однесе својата работа скалило погоре. Тој и неговиот тим составија и исцртаа веганска јакна со ликот на Брајан Адамс, која канадскиот музичар ја доби по концертот во Скопје во неделата.

На јакната, тимот на SWithaDot работеше околу 180 часа. Освен ликот на славниот пејач, на самата јакна е испишан и насловот на неговиот најнов сингл Roll Up the Punches.

Грабулоски, кој низ годините правеше чевли и патики за многу славни музичари, вклучувајќи ги Дуа Липа, Стив Аоки, Мајли Сајрус и многу други, вели:

„Јакната е рачно составена од потврдени вегански материјали, бидејќи Брајан Адамс е веган. Целиот процес на составување, а потоа и на сликање, траеше приближно 180 часа рачна работа на целиот наш тим.

Темата на дизајнот е неговиот последен сингл Roll Up the Punches, а идејата да направиме јакна за Адамс, наместо патики, потекна од мојата мајка, која ја обожава неговата музика.

Инаку, SWithaDot веќе 6 години за секој истакнат уметник кој ќе ја посети Македонија подготвува Welcome to Macedonia рачно нaсликан подарок, со идеја да му покажеме дека земјата во која доаѓа го цени, но и да го рашириме талентот на нашите македонски уметници низ светот.

Таков беше и случајот со Брајан, чија реакција беше искрена, со огромна насмевка и едно долго WOOOOW. Очекуваме да ја носи на некој од неговите следни настапи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk