Оркестарот на Македонската филхармонија в среда (8 април), со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт. На сцената ќе биде изведено едно од најмоќните вокално-инструментални дела во класичната музика – „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов.
Под диригентската палка на гостинот од Бугарија, Најден Тодоров, како солисти ќе настапат сопранот Катерина Стојановска, тенорот Исмет Вејсели и баритонот/бас Иван Наумовски, придружувани од хорот „ПроАрс“. Вечерта ќе биде заокружена со ремек-делото на Франц Лист, симфониската поема „Прелудии“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата