logo
logo
logo

Луѓето се изненадени од начинот на кој Том Круз јаде пуканки

Vecer | 22.05.2025

Луѓето се изненадени од начинот на кој Том Круз јаде пуканки

Том Круз стана предмет на шега откако му кажа на еден обожавател дека ги изел сите пуканки на премиерата на новата „Невозможна мисија“, но тоа не заврши тука.

Имено, сагата со Том Круз и пуканките доби продолжение.

Некој на X сподели видео во кое 62-годишниот актер јаде пуканки за време на проекцијата на „Невозможна мисија“, и тоа го прави на многу необичен начин.

На премиерата, тој беше снимен со кутија пуканки во рака, покажувајќи го својот смешен начин на грицкање. Во сега веќе виралното видео, тој се гледа како ги зграпчува пуканките со тупаница, ги тресе во раката како да фрла коцки, а потоа ги става во уста, а добар дел од нив паѓа на подот.

Круз го повтори истото движење уште неколку пати, повторно фрлајќи ги пуканките кон својата широко отворена уста додека подот стануваше сè повеќе и повеќе расфрлан со трошки.

Човекот претерува со сè, што очекувавте?“

„Начинот на кој Том Круз јаде пуканки ме излудува“, „Никогаш не сум видел маж да јаде пуканки како Том Круз“ и „Најдоброто нешто во врска со секој нов филм за Том Круз е што почнуваат да циркулираат фотографии и видеа од неговата чудна, опсесивна љубов кон пуканките“, напишаа тие.

„Но начинот на кој фрла пуканки во уста... луд“, „Човекот претерува со сè, што очекувавте“, „Можеби сите сме јаделе погрешно цело време“, „Следниот пат кога ќе одам, ќе јадам пуканки токму така“ и „Човече, ова е стандардна бумер техника на консумирање пуканки“, се некои од бројните коментари под видеото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk