Откако започна Светското првенство во фудбал, славните фудбалери, но и нивните сопруги не престануваат да го привлекуваат вниманието на јавноста. Се чини дека Георгина Родригез, вереницата на Кристијано Роналдо, стана главна тема на социјалните мрежи, а причината е едно грандиозно парче накит кое „боде“ очи. Станува збор за скапоцен дијамантски свршенички прстен кој на последната фотографија ги привлече погледите на целиот свет.
Позната по својот јавен живот на мрежите и фактот дека ретко што крие од своите обожаватели, Георгина и овој пат ја искористи можноста да се пофали со своите „нематеријални“ и материјални нешта.
Роналдо објави заедничка фотографија со својата сакана и со тоа на многумина им стави до знаење колку лудо се сакаат. Сепак, вниманието на јавноста не го привлече нивната неизмерна љубов, туку дијамантскиот прстен кој Георгина со задоволство им го покажува на корисниците на мрежите.
Дијамантот вреден околу три милиони долари блескаше на нејзината рака, а нив двајца изгледаа како да се запознале и вљубиле вчера. Може да се каже дека се еден од ретките парови кои опстојуваат и покрај проблемите и растечкиот тренд на разводи меѓу славните ѕвезди.
Фудбалерот во описот на фотографијата стави емотикон со срце, а коментарите од обожавателите само се нижеа. Многумина забележаа дека едноставно блескаат од вљубеност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата