logo
logo
logo

ПУТИН ГИ ОТКАЖУВА „ХАРИ ПОТЕР“ И „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ – има добра причина за тоа

Vecer | 19.05.2025

ПУТИН ГИ ОТКАЖУВА „ХАРИ ПОТЕР“ И „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ – има добра причина за тоа

Популарните франшизи како „Хари Потер“, „Игра на тронови“ и „Сексот и градот“ би можеле да бидат погодени од новите руски прописи што стапуваат на сила во септември, а се однесуваат на медиумските содржини што, според властите, промовираат негативен став кон родителството и позитивно го прикажуваат животот без деца, пишува Парламентарниот весник.

Новите критериуми за забраната се: „негативен став кон бременоста и величење на бездетноста“.

Според објавените правилници на руското Министерство за култура и Роскомнадзор, ќе бидат утврдени јасни критериуми за блокирање содржини што содржат, како што е наведено, „негативни прикази на бременост“ и „пропаганда на начин на живот без деца“ (т.н. идеологии без деца).

„Парламентарниот весник“ наведува неколку примери од популарната култура кои би можеле да бидат под лупа на цензурните органи:

„Сексот и градот“ – Ликот на Саманта е прикажан како жена која свесно го избегнува мајчинството и покажува очигледна преференција кон животен стил без деца. Во еден момент, според описот, таа „мора да се грижи за детето, што го доживува како голем напор“.

„Игра на тронови“ – Хероината Бриен од Тарт е прикажана како воин кој се откажал од мајчинството за да се натпреварува рамноправно со мажите и да стане витез.

„Хари Потер“ – Иако е, како што велат, „навидум безопасна сага“, експертите истакнаа дека професорката Минерва Мекгонагал нема деца. Не е познато дали ова бил нејзин свесен избор или резултат на животните околности, но се смета и за потенцијален пример за прикриена промоција на животен стил без деца.

Културна политика во служба на демографијата

Ваквите најави доаѓаат во време кога руските власти сè повеќе ги промовираат традиционалните семејни вредности и иницираат мерки за демографска обнова на земјата.

Во овој контекст, фокусот на јавната дебата е сè повеќе насочен кон филмови, серии и литературни содржини кои, според одредени институции, „ја поткопуваат улогата на семејството и родителството“.

Како ќе се спроведуваат новите правила и дали ќе има вистинска забрана за овие глобално популарни дела, останува да се види во наредните месеци. Сепак, дебатата за културното влијание на западната содржина во Русија очигледно влегува во нова, порестриктивна фаза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk