Познатата пејачка изрази сочувство до народот во Македонија.
Најмалку 59 лица го загубија животот, а околу 155 се повредени во страотниот пожар што околу три часот по полноќ избувна во дискотека во градот Кочани, Македонија.
Оваа трагедија го потресе целиот регион, а особено народот на Србија, кој изразува солидарност и тага поради големата загуба. Бројни јавни личности изразија сочувство до семејствата на загинатите, меѓу кои и пејачката Неда Украден, која е длабоко погодена од овој немил настан.
– Страшно се потресов. Ова е едно од полошите утра во кои сум се разбудила, веста за оваа трагедија. Моето искрено сочувство до народот на Македонија, до членовите на семејствата на загинатите, но размислувам колку сме сите потресени – изјави Неда за „Блиц“, и додаде:
– Многу сум погодена, дури и како некој што настапува на такви места. Треба да се внимава повеќе на струјата, изолацијата, а безбедноста треба строго да се контролира“, посочи Украден.
Загинаа неколку музичари
За потсетување, меѓу жртвите има и голем број музичари кои кобната ноќ ја забавувале толпата, и како надлежните си ја вршеа работата, информациите за идентитетот на лицата брзо се ширеа.
Имено, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов денеска соопшти дека меѓу загинатите во пожарот во Кочани е и член на музичкиот бенд ДНК. Ѓоргиј Ѓоргиев, а потоа се дозна и за неговите колеги Филип Стевановски, а потоа и Андреј Ѓорѓиески.
Според очевидци, Андреј последен пат бил виден како по втор пат се враќа во дискотеката за да спасува деца по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил за неколку минути.
Меѓу настраданите се и музичари кои често настапувале со нив, а тоа се пејачката Сара Прајковска и гитаристот Александар Коларов.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата