logo
logo
logo

Актерката Силвина Луна почина поради компликации од пластична операција на задникот

Vecer | 02.09.2023

Актерката Силвина Луна почина поради компликации од пластична операција на задникот

Таа починала на 31 август, откако 79 дена била во болница поради компликации од операција што ја напаравила во 2011 година.

Нејзиниот брат, Езекиел Луна, во четвртокот напладне им дал дозвола на лекарите да ја симнат од апаратот, објавија локалните медиуми, пренесува Mirror.

Актерката имала операција во јуни или јули 2011 година и ја извршил естетскиот хирург Анибал Лотоцки. Тој беше обвинет во 2021 година за смрт на пациент што го оперирал во 2010 година. На Силвини ѝ инјектирал течност што содржи полиметилметакрилат, која е забранета според аргентинскиот закон. Безбојната, пластична материја се користи како замена за стакло во автомобилски делови, леќи, панели и прозорци.

Силвина првпат побарала лекарска помош во 2015 година кога имала камења во бубрезите. Ѝ дијагностицирале хиперкалцемија, па лекарите ја ставале на неделна дијализа до трансплантација на бубрег.

Во текот на 2016 година, во Мајами, аргентинскиот лекар Крицитан Перез ѝ ја отстранил опасната материја од глутеусот. Потоа изјавил дека Силвина развила автоимуна болест предизвикана од лековите кои ги примала за време на операциите. „Сите пациенти добиваат бубрежна болест и на крајот умираат“, изјавил тој тогаш.

Додека чекала нов бубрег, состојбата ѝ се влошила и била хоспитализирана на 13 јуни. Била под седативи речиси две недели, до 29 јуни, кога била ставена на респиратор.

На 19 август болницата објави дека Силвина дише самостојно. Неодамна се заразила со бактерии и на 30 август повторно била интубирана, а следниот ден  ја симнале од апаратите за одржување во живот.

Јавното обвинителство во Буенос Аирес покрена истрага за нејзината смрт, а била наредена и обдукција.

Силвина Луна почина само две недели по смртта на Маријано Капрарола, водителка, која починала како последица на операција во 2010 година, извршена од истиот лекар.

Во февруари 2022 година, д-р Лотоцки бил осуден на четири години затвор по тужба поднесена од актерката и три други жени. Во јули судот пресудил дека му е забрането да се занимава со медицина на пет години. Сепак, тој не е во затвор на издржување на казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk