logo
logo
logo

Актерот Жан-Клод ван Дам опфатен во обвинение за сексуални злосторства

Vecer | 03.04.2025

Актерот Жан-Клод ван Дам опфатен во обвинение за сексуални злосторства

Според наводите на обвинението, ѕвездата од боречко-акционите филмови имал сексуални односи со пет жени од Романија, а се тврди дека му биле испратени од криминална организација којашто се занимава со трговија со луѓе.

Ван Дам (65), се наведува, знаел за потеклото на жените за кои станува збор, а целиот случај е дел од поширока истрага за трговија со луѓе во Романија, почната 2020 година. Адвокатот Адријан Кукулис, кој застапува една од жртвите, рече дека жените биле ранливи и се сомнева дека се искористувани за сексуални цели.

- Лицето што ги примило (жените), знаел за нивната состојба, тврди Кукулис.

Противзаконското дело наводно се случило во Кан, Франција. Обвинението е поднесено до Романската државна канцеларија за истрага на организиран криминал и тероризам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk