Групата Луѓе за етичко постапување со животните (Пета) соопшти дека тоа е протест против употребата на животинска кожа во модната индустрија воопшто, објави Би-Би-Си.
Демонстрантите носеа маици на кои пишуваше „Животните не се ткаенина“ и мавтаа со натписи „Вива веганска кожа“.
Викторија се појави со патерици на финалето на шоуто бидејќи има повреда на стапалото.
Таа носеше црна заштитна чизмичка на левата нога за да одговара на нејзината целосно црна облека. И покрај нејзината недоволна мобилност, таа прошета покрај модните фанови и критичарите во првиот ред, меѓу кои беше и поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо, некогашен соиграч на сопругот на Викторија, Дејвид.
Таа накратко застана за да бакне некого во толпата и рече кусо „благодарам“.
„Викторија Бекам ја поздрави толпата со патерици поради повреда на стапалото што ја доби во теретана“, изјави нејзиниот сопруг Дејвид.
Иако модниот бренд на Бекам не користи крзно или егзотични кожи, Пета истакнува дека некои дизајни користат кожа.
Европската претседателка на Пета, Мими Бекечи, рече: „Ниту една облека или додаток не вреди насилно да се коле и дере чувствително и интелигентно животно.
„Ја повикуваме Викторија Бекам наместо тоа да се сврти кон етичките и еколошки иновации достапни денес, како што се врвната кожа направена од јаболка, грозје, ананас, печурки и друго.
Активистите од добротворната организација за правата на животните „Пета“ се познати по нивните протести и редовно демонстрираат на светските модни настани - вклучително и во Њујорк, Лондон и Милано.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата