logo
logo
logo

Анџелина Џили го збуни водителот и публиката- влезе босонога во емисија (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2024

Анџелина Џили го збуни водителот и публиката- влезе босонога во емисија (ВИДЕО)

Така таа одговорила на поканата на познатиот водител Џими Фалон, кој ја води вечерната емисија на НБЦ.

Тој ја претстави оскаровката пред присутните и побара аплауз, а Анџелина влезе во долг црн фустан, со насмевка, а потоа забележа дека таа не носи никакви чевли, туку е - боса.

- Дали ги заборавивте чевлите или нешто слично? - ја праша Џими Фалон познатата актерка.

- Не, вчера го скршив палецот и се обидов да најдам чевли што ќе ми прилегаат, но тогаш решив дека не сакам да носам ништо - истакна Џоли.

За време на разговорот, Џими ја прашал Анџелина дали некое од нејзините шест деца размислува да ја следи во актерска кариера. Како одговор, таа објасни дека некои од нејзините деца се заинтересирани да работат зад сцената и зад камерите.

- Тие навистина, навистина сакаат да бидат - особено Шајло - анонимни. Само анонимни. Тие не сакаат да се фотографираат и никој од нив навистина не го прави тоа сега. Мислам дека таа (Шајло) најмногу би сакала приватност. Тоа не беше избор на децата. Така на некои луѓе им е поудобно со јавноста. Некои се чувствуиваат поудобно во емисии, некои не – истакна таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk