Бјанка Ценсори предизвика негодување кај локалните жители откако ги покажа своите гради во проѕирен градник додека беше на шопинг со својот сопруг, контроверзниот рапер Канје Вест, во Шпанија во саботата, објави Дејли Меил.
Ценсори одеше од тезга до тезга на пазар на отворено на Мајорка, облечена само во црн мрежест градник низ кој нејзините брадавици беа целосно видливи. Локалните жители биле ужаснати додека двојката шетала низ пазарот во оскудна облека.
„Луѓето беа ужаснати. Можеа да се чујат како прашуваат: „Дали тоа се навистина нејзините брадавици?“ додека минуваа покрај нив. Канје застана настрана и ѝ дозволи да разгледува низ штандовите“, рече изворот.
Патем, на жените во одредени делови од Шпанија им е дозволено да одат топлес од 2020 година благодарение на каталонскиот закон за еднаквост. Шпанските власти спроведуваат правила што им дозволуваат на жените да се сончаат голи на јавни места без страв од апсење.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата