logo
logo
logo

Даниел Креjг во необично издание во рекламната кампања на „Луеве“

Vecer | 23.07.2024

Даниел Креjг во необично издание во рекламната кампања на „Луеве“

Во повеќе различни стилови, поранешниот Џејмс Бонд ја претставува есен-зима колекцијата на брендот за 2024 година. Кампањата е снимена од Дејвид Симс на намерно обична бела позадина, при што сценографите ги отстраниле „реквизитите и уметноста“ за да се сосредоточи на темата и субјектите, за да се види „кои се тие и како сакаат да бидат перцепирани“, се наведува.

Крејг тука има подолга коса, а лицето му го покриваат шишки. А, една од комбинациите што ги носи вклучува џемпер со шарен натпис, фармерки со широк црн појас и чанта на грбот...

За многумина сосем очекувано, оваа „разиграна и шарена“ рекламна кампања на „Луеве“ со Даниел Крејг има поголем број споделувања на интернет-просторот. Околу коментарите, има и пофалби за глумецот и опуштеното издание, но имаше и негативни коментари - дека овој стил воопшто не му одговара. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk