Гласините за можна врска помеѓу Анистон и Обама се појавија откако беше откриено дека бракот меѓу Барак и Мишел Обама е во криза. Овие наводи предизвикаа медиумска бура, а дополнително внимание привлече и тоа што Мишел не присуствуваше на одредени важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.
„Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди“, изјавил извор за Radar Online.
Џенифер, според блиски пријатели, е загрижена за влијанието на овие гласини врз Мишел Обама. Самата актерка беше на удар за слични приказни за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли.
„Џен знае колку можат да бидат болни овие приказни. Таа е шокирана, но и збунета, бидејќи не разбира како луѓето доаѓаат до овие идеи“, рекол изворот.
After watching this, I'm totally convinced that the story about Jennifer Aniston and Barack Obama is true!
— Vince Langman (@LangmanVince) January 24, 2025
What about you? pic.twitter.com/Dq0uVUM5aG
Барак и Мишел - се разделија, но разводот се уште не е официјален.
Извори блиски до Барак тврдат дека тој и Мишел веќе се разделиле и живеат одвоено. Очигледно, разводот ќе се случи тивко, без помпа, за да се зачува нивното достоинство.
„Барак е подготвен да продолжи понатаму, а истото важи и за Мишел, која конечно реши да се стави себеси на прво место“, вели изворот.
Анистон ги демантирала сите шпекулации за врска со претседателот, нагласувајќи дека едвај го познава. Пред водителката да постави прашање и да и ја покаже насловната страница на таблоидот, таа гласно се насмеа велејќи дека не му се лути, туку дека е многу смешен.
„Го запознав еднаш. Ја познавам Мишел многу подобро од него“, изјави Џенифер во шоуто на Џими Кимел.
Jennifer Aniston with Michelle Obama #jenniferaniston pic.twitter.com/8zkb1FylYC
— Jennifer Aniston Fan (@jenanistonblog) January 18, 2025
Долгогодишниот публицист на актерката исто така ги осуди гласините, нарекувајќи ги „целосни измислици“.
Иако приказната привлече големо внимание во јавноста, Џенифер Анистон јасно стави до знаење дека нема никаква врска со Обама.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата