logo
logo
logo

Џенифер Лоренс бремена по вторпат

Vecer | 21.10.2024

Џенифер Лоренс бремена по вторпат

Глумицата, инаку, месецов ја прославува и петгодишнината од бракот со режиерот Кук Марони. Тие се венчаа во Њупорт, Род Ајленд, САД, во октомври 2019 година, и заедно го имаат двегодишниот син Сај. Во една прилика, Џенифер откри дека Сај го носи името на американскиот сликар Едвин Сај Туомбли, омилен уметник на нејзиниот сопруг, кој инаку, е директор на уметничка галерија.

Во разговор со колешката-глумица Камерон Дијаз за списанието „Интервју“, Џенифер ги споделува и своите размислувања за воспитувањето дете чиј родител е позната личност.

- Се разбира, долго размислував за начинот на живот што ќе се разликува од оној на другарчињата. Сигурна сум дека ќе има предизвици конкретно поради мојот животен стил, па и двајцата ќе мора да се соочиме и справиме со тоа кога ќе дојде тој ден, појасни Лоренс.

Џенифер нагласи дека најдоброто нешто што можела сега да го направи е Сај да биде уверен дека е сакан и родителите да му бидат добар пример за доблест. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk