logo
logo
logo

Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвени за 6 јуни и концертот што ќе ве врати во младоста

Vecer | 05.06.2026

Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвени за 6 јуни и концертот што ќе ве врати во младоста

Неполни два дена нè делат од големиот концерт на Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели, закажан за 06.06 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Подготовките се при крај, момците ги имаат последните проби со бендот, танчарите и специјалните гости, а на пат кон Скопје се Слаѓа Делибашиќ и Ѓус, кои заедно со Јован, Елвир, Тони Зен, Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Пајак и Врчак ќе ја разбудат носталгијата кај секој посетител.

Јован и Елвир го замислија концертот како „сензација во бело“, па уште еднаш порачуваат да облечете барем бела маичка или кошула и да се подготвите за нешто необично, какво што досега не е видено на концерт кај нас.

Концертот на Јован и Елвир е скоро распродаден, останаа уште многу малку влезници, кои може да ги купите преку MKTickets на линкот https://mktickets.mk/event/jovan-jovanov-elvir-mekic-i-prijateli/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk