Сашо Гигов- Гиш ќе добие награда за безвременски хит на фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури за песната „Самовилска свадба“ која ја испеа на Скопскиот фестивал во 1998. Таа година, на Скопскиот фестивал се избрираше првиот македонски претставник за Евровизија која се одржа во Бирмингем, Англија. „Самовилска свадба“ чии автори се Григор Копров и Јордан Данаиловски го освои второто место. Победи Владо Јаневски со „Не зори зоро“, исто така, песна на Копров, што го направи првиот македонски претставник на Евровизија.
Интересно е што таа година првите три места ги земаа песни чија музика ја напиша Григор Копров. Победи Владо Јаневски, Гиш беше втор, а третото место го освоија Дуле и Коки со песната „Дај ми шанса“.
Охрид фест ќе се одржува во две вечери на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид. На 29 август е фолк вечерта, а на 30 Интернационалната вечер. Оливер Мандиќ ќе добие награда за бесвременски хит за песната „Питају ме питају“, а менаџерот Рака Мариќ ја особен менаџерски придонес во популарната музика.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата