logo
logo
logo

Фото: Мадона и Елтон Џон по повеќе од две децении ги решија несогласувањата

Vecer | 09.04.2025

Фото: Мадона и Елтон Џон по повеќе од две децении ги решија несогласувањата

„Конечно ги закопавме секирите“, напиша Мадона на Инстаграм, покрај фотографијата на која таа и Елтон Џон се прегрнати.

Поп иконата отиде зад сцената за да се соочи со Елтон за време на неговото појавување во „Saturday Night Live“ на NBC минатиот викенд, по што двајцата го решија деценискиот спор. 

„Кога го сретнав, првото нешто што ми рече беше „Прости ми“, а потоа се урна ѕидот што постоеше меѓу нас. Простувањето е моќно оружје и по неколку минути се прегрнавме“, рекла Мадона.

Елтон дури и објаснил дека и напишал песна и дека сака да соработуваат.

Тој објави и нивна фотографија заедно со натпис: „Момент на исцелување“ .

Пејачката откри дека кога била во средно училиште отишла на неговиот концерт во Детроит, што било незаборавно искуство кое го обликувало нејзиното разбирање за музиката. „Со децении ме болеше кога некој на кој му се восхитувам јавно изјави дека не ме цени како уметник“, додала Мадона.

Нивниот конфликт настанал за време на доделувањето на наградите „Кју“ во 2004 година, кога Елтон употребил навредливи зборови за да ја критикува Мадона затоа што пеела до плејбек на доделувањето на наградите, пренесуваат светските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk