Папараци ја снимиле 31-годишната Франческа на ноќната забава, а додека одела кон својот автомобил, паднала на улица и пријателката морала да ѝ помогне да стане.
Да потсетиме, ќерката на актерските легенди беше уапсена на 12 октомври поради семејно насилство. Таа се скарала со своето момче додека возела во Беверли Хилс, а расправијата наводно прераснала во физичка пресметка. Таа била приведена и пуштена со кауција од 50.000 долари. Пред неколку дена беше објавено дека обвинението за семејно насилство против неа е повлечено бидејќи немало доволно докази.
Франческа е во врска со актерот Александар Врејт, но не е јасно дали тој на некој начин бил вмешан во инцидентот. Двојката го има шестгодишниот син Титан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата