logo
logo
logo

„Холивудскиот предатор“ е во болница - има ковид и воспаление на белите дробови

Vecer | 26.07.2024

„Холивудскиот предатор“ е во болница - има ковид и воспаление на белите дробови

72-годишниот Вајнстин моментално се наоѓа во затворското одделение во болницата Белви. „Тој е хоспитализиран поради разни болести со кои се бореше. Боледува од дијабетес, висок крвен притисок, стеноза на 'рбетниот столб, течност во срцето и белите дробови. Неодамна беше позитивен на ковид и разви билатерална пневмонија“, рече Крег Ротфелд, претставник на Вајнстин и затворски советник.

Харви заврши во болница на крајот на април. Тогаш неговиот адвокат Артур Аидала изјави дека продуцентот е во многу лоша здравствена состојба. "Изгледа дека му е потребна голема помош, физичка. Има многу проблеми. Оди на различни тестови", рекол адвокатот.

За потсетување, Вајнстин (72) отслужува 23-годишна затворска казна во њујоршкиот затвор, откако беше осуден по обвинение за сексуален напад за насилен орален секс со асистентка на ТВ и филмска продукција во 2006 година и за напад на актерка во 2013 година.

Вајнстин се изјасни за невин и негираше дека имал секс со некого без согласност. Во април оваа година, судот во Њујорк ја поништи пресудата за силување на Харви Вајнстин во 2020 година и нареди ново судење за случајот MeToo.

Во пресудата се наведува дека му се судело врз основа на неговото минато однесување, а не само врз основа на делата за кои е обвинет. Судот одлучил дека судењето „погрешно го призна сведочењето за наводни претходни сексуални дејствија против лица кои не биле тужители во овој случај“.

Тој ќе остане во затвор бидејќи во 2022 година во Лос Анџелес беше обвинет за уште едно силување и осуден на 16 години затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk