logo
logo
logo

Ким Катрал одговори дали ќе му се придружи на тимот од продолжението на „Сексот и градот“

Vecer | 22.07.2024

Ким Катрал одговори дали ќе му се придружи на тимот од продолжението на „Сексот и градот“

Но, актерката Ким Катрал конечно даде одговор на прашањето дали се враќа како славната Саманта.

Ким се откажа од снимањето на продолжението на серијата, а сето тоа поради конфликтот со Сара Џесика Паркер, наводно поради неправедна распределба на хонорарите.

За нивното несогласување се пишуваше со години, а Ким дури еднаш ја нарече „лицемерка“ откако Сара изрази сочувство за смртта на братот на актерката.

Прекрасната продукциска куќа HBO понуди огромна сума пари за Катрал да се согласи да сними само еден кадар во новото продолжение „И баш така...“ во кое телефонски разговара со Сара, но одвоено од колешките.

Обожавателите се надеваа дека можеби е на пат да дојде до помирување, а еве што Ким имаше да каже на оваа тема.

- Љубезно е од тебе што сакате да се вратам, но јас не се враќам. Ова е до каде ќе одам. Никогаш нема целосно да се збогувам со ликот на Саманта, таа ми даде толку многу и многу ја ценам.“, изјавила Ким, а пренесува „Еонлајн“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk