logo
logo
logo

Меколи Калкин доби ѕвезда на Патеката на славните - со него беше и синчето, ист е како Кевин

Vecer | 02.12.2023

Меколи Калкин доби ѕвезда на Патеката на славните - со него беше и синчето, ист е како Кевин

На церемонијата на 1 декември 2023 година се појави и Кетрин О'Хара, која ја глумеше мајката на славниот Кевин од комедијата „Сам дома“.

- „Сам дома“ беше и секогаш ќе биде омилена светска сензација. Во семејствата ширум светот не може да помине нова година без да го погледнат тој филм, а за тоа е „виновен“ Меколи Калкин – рече О’Хара во своето излагање и додаде:

- Знам дека работевте напорно, но успеавте да направите глумата да изгледа како најприродната работа - изјавила меѓу другото познатата актерка во емотивниот говор.

Покрај О'Хара, Калкин ја воодушеви публиката на церемонијата кога прошета со членовите на своето семејство.

Актерот ги претстави својата вереница Бренда Сонг, со која е во врска околу 5 години, нивниот син Дакота, кој има само две години, а веќе неверојатно личи на неговиот татко и неговиот втор син, чие раѓање беше објавено во март оваа година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk