logo
logo
logo

Метју Меконахи ќе игра главна улога во историски филм за бунт на селаните

Vecer | 09.02.2025

Метју Меконахи ќе игра главна улога во историски филм за бунт на селаните

Покрај тоа што го гледаме во овогодинешниот криминалистички трилер Ривалите на Амзија Кинг, чија премиера ќе биде во март, Дедлајн потврди дека Меконахи ќе глуми во новиот филм на режисерот Пол Гринграс.

Филмот е „Гневот“, порано познат како „Худ“, кој е сместен за време на Бунтот на селаните во 1381 година во Англија. Бунтот беше одговор на социо-економските и политичките тензии од тоа време и на високите даноци што ја финансираа Стогодишната војна помеѓу Кралството Англија и Кралството Франција.

Меконахи во филмот ќе глуми селанец кој станува водач на бунтот. Иако сè уште не е потврдено, се шпекулира дека оскаровецот ќе го портретира Ват Тајлер, водачот на бунтот кој беше погубен од офицери лојални на кралот Ричард Втори.

Покрај режијата на филмот, Гринграс го напишал сценариото и работи и како продуцент заедно со Џејсон Блум и Џоана Кеј. Гринграс е инаку познат како режисер на три филма од акциониот серијал Џејсон Борн и како режисер на познатите филмови United 93 и Green Zone.

Последен пат го видовме Меконахи на големото платно во 2019 година, кога глумеше во „Господата“ во режија на Гај Ричи. Тој ги помина 2020-тите како гласовен актер во анимираната серија за возрасни Агент Елвис и семејниот филм Пеј 2.

Годинава ќе се појави во филмот Ривалите на Амзија Кинг, а глумеше и во филмот на Гринграс „Изгубениот автобус“, кој моментално е во постпродукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk