logo
logo
logo

Милица Павловиќ стигна со нов џип и ПУШКА СПРЕМНА за утре!

Vecer | 13.02.2025

Милица Павловиќ стигна со нов џип и ПУШКА СПРЕМНА за утре!

Пејачката Милица Павловиќ допатува во Скопје каде што  утревечер,  петок, 14 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во С.Ц. „Јане Сандански“.

Позната е како голем професионалец кој ништо не препушта на случајноста, па пристигна во Македонија три дена пред концертот за да провери дали се е во ред и да одржи проби со музичарите и танчарите. Вечерва како и вчеравечер во салата Јане Сандански ќе ја одржи втората проба.

„Милица го предводеше својот тим од луѓе кои ќе работат на овој концерт. Во Скопје  пристигнаа околу 120 луѓе, меѓу кои музичари, танчари, фризер, шминкер, кореограф, режисер, уметнички директор, целиот тим кој работи зад сцената.

- Сетот и волонтерите кои ќе бидат дел од концертот пристигнаа исто така во Скопје во текот на ноќта, изјави извор близок на пејачката.

Затоа не е изненадеување ако се каже  дека ова е една од најскапите концертни турнеи во регионот.

Милица утре ќе го одржи петтиот концерт во рамки на нејзината концертна турнеја „Лав“, а публиката може да ја очекува вистински аудио-визуелен спектакл од  добра музика, дузина хитови, мноштво танци и кореографии и шаренило од екстравагантни костими, сето тоа зачинето со низа спетри од светлосни и видео ефекти како и соодветна сценографија оплеменета со специјално изработени сценски елементи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk