logo
logo
logo

НА ANGEL VOICE BELGRADE 2025 ТРИУМФ НА ТРИ МАКЕДОНКИ

Мартина, Нела и Михаела го обелија образот и растурија со пеење

Vecer | 30.04.2025

Мартина, Нела и Михаела го обелија образот и растурија со пеење

Белград минатиот викенд беше домаќин на престижниот меѓународен натпревар Angel Voice Belgrade 2025, на кој учествуваа над 120 млади уметници од целиот свет. Со голема гордост, Македонија беше претставена од тројца талентирани млади пејачи: Нела Манческа, Мартина Трпчевска и Михаела Стојановска, ученици на професорката по соло пеење Александра Коцевска. Тие не само што го покажаа својот голем талент, туку и освоија извонредни награди, докажувајќи дека Македонија има млади уметници со светски потенцијал.

Во индивидуалните категории, Нела Манчевска (13 години)  беше прогласена за апсолутен победник во категоријата мјузикл.

Мартина Трпчевска (9 години) освои прво место и златен медал во категоријата мјузикл до 10 години.

Михаела Стојановска (15) години, го освои второто место во својата категоријата поп пеење што е доказ за нејзиниот талент и труд.

Нела и Мартина освоија прва награда и златен медал во категоријата „Дует“, настапувајќи со емотивната песна „За овој свет“ од Тоше Проески.

Настапот беше повеќе од музика – беше вистински момент на врска помеѓу артистите и публиката, полн со емоции што не можеа да се сокријат. Публиката не можеше да ги задржи своите солзи додека слушаше како двајцата млади таленти, Нела и Мартина, го спојуваат своето музичко уметничко мајсторство и емоционална искреност во еден незаборавен настап.

Секој тон што го испеаја, секоја нота што ја допреа, беше како поздрав од ангелите, создавајќи атмосфера која ја наведе публиката да ги изрази своите емоции. Нема сомнение дека ова беше еден од најдобрите моменти на целото настанување, кој ја потврди вербата дека музиката е најмоќниот јазик за поврзување и за докажување на вистинската љубов и посветеност.

Нела и Мартина не само што го освежија срцето на публиката, туку оставија траен печат во душата на секој што беше дел од овој емотивен момент.

На натпреварот учествуваа млади уметници од различни земји, а нивниот вокален потенцијал, сигурност на сцена и искрена интерпретација беа високо оценети од меѓународното жири, составено од врвни музички експерти.

Овој успех на нашите таленти е уште еден доказ за високото ниво на музичко образование во Македонија и потенцијалот на младите уметници, кои ќе продолжат да ги освојуваат срцата на љубителите на музиката низ светот. Честитки за Нела, Мартина и Михаела!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk