logo
logo
logo

Папараците ја снимија Ријана во Њујорк, се пофали со новата фризура (ФОТО)

Vecer | 10.06.2024

Папараците ја снимија Ријана во Њујорк, се пофали со новата фризура (ФОТО)

Откако во март драстично ја скрати косата и ја обои руса, пејачката сега ја обликува на различни начини. Претходните денови се шеташе со рамна пеглана коса, додека сега покажа како ѝ изгледа косата.

Причината за нејзината нова фризура е нов бизнис. Ријана, која стана магнат во светот на убавината, лансира нова линија на производи за нега на коса. Ова е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина Fenty, што ја направи милијардерка.

Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.

"Ја имав речиси секоја текстура, боја и должина на коса, од екстензии до плетенки и природна коса. Затоа лансирам приспособлива производна линија, која не само што ја задоволува секоја потреба за нега на коса, туку секој производ е дизајниран да ја зајакне сите типови коса, што ни е исклучително важно!“ наведе таа во објавата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk