logo
logo
logo

Раде Шербеџија стана дедо, неговата најстара ќерка Нина доби син

Vecer | 09.02.2025

Раде Шербеџија стана дедо, неговата најстара ќерка Нина доби син

Како што пишува Курир, неговата најстара ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, вчера родила син, а мајката и бебето се одлично.

Нина и Филип се запознале во 2014 година, а почнале да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчале во Нови Сад, каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја однесе до олтарот. Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.

Сопругот на Нина, Филип Ѓуриќ, на јавноста ѝ е познат по улогите во сериите Група, Црна свадба, 12 речи и Кљун и филмовите Моја утринска насмевка и Толку за денес. Покрај актерството, Ѓуриќ се занимава и со педагошка работа. Како што пишува во неговата биографија, по завршувањето на Втората крагуевачка гимназија, се запишал на студии на Академијата за уметности во Нови Сад, каде што и магистрирал и моментално работи како асистент на тој факултет.

Раде покрај Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка, а синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk