Актерката Деми Мур откри детали за моменталната здравствена состојба на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, кому му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.
Таа на работ на солзи проговори за многу болната тема за семејството, објаснувајќи дека секоја недела го посетува поранешниот сопруг.
"Ние секогаш ќе бидеме семејство, само во малку поинаква форма. За мене тоа никогаш не беше доведено во прашање. Го посетувам бидејќи е нормално да го правиме тоа за луѓето што ги сакаме", изјавила Мур за американските медиуми.
Деми нагласила дека секојдневно им дава поддршка на сопругата на Вилис, Ејми Хеминг и нивните ќерки Евелин и Мејбел. Од бракот со Вилис, Деми ги има ќерките Румер, Скаут и Талула.
Брус Вилис ретко се појавува во јавноста од 2022 година, кога првпат му беше дијагностицирана афазија, што подоцна доведе до фронтотемпорална деменција. Неговата ќерка Талула Вилис рече дека Брус се чувствува исто, но дека поддршката што ја добива нивното семејство значи многу.
Мур претходно зборуваше за болеста на Вилис и откри дека морала да се збогува со претходната верзија на Брус и да ја најде среќата во сегашниот момент.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата