logo
logo
logo

Сергеј Трифуновиќ протеран од Хрватска на три месеци

Vecer | 19.09.2024

Сергеј Трифуновиќ протеран од Хрватска на три месеци

Како што соопштуваат, оваа последна санкција не се однесува на ЕУ, туку само на Хрватска. По пресудата во Судот за прекршоци во Сплит, каде што беше осуден на условна затворска казна за прекршоци во траење од една година, актерот си заминал со својот адвокат, а во еден момент му пришол полицаец и се легитимирал со службена значка.

Тој полицаец бил од Управата за имиграција и на Трифуновиќ му ја врачил одлуката за протерување што ја донеле против актерот како „специјален повратник“, односно повторувач на одредени прекршоци.

Тоа решение стапува во сила од 23 септември годинава. Дотогаш, Трифуновиќ има време да го направи тоа што треба во Хрватска и на полноќ на преодот од недела во понеделник треба да биде надвор од Хрватска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk