Фотографите го фатија додека излегува со мајка му од ресторан, а вниманието го привлече виолетовиот гипс на десната рака кој ги открива последиците од несреќата што ја доживеа на крајот на јули.
Пакс удрил со својот електричен велосипед во автомобил кој стоел пред него на раскрсницата. Често може да се види како брзо се движи низ улиците на Лос Анџелес со својот електричен велосипед без заштитна кацига, која не ја носел ниту во моментот на несреќата. Тој бил итно хоспитализиран и извесно време поминал во болница, а потоа бил пуштен на домашна нега.
За потсетување, Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам во 2007 година, кога имаше три години, а Бред официјално го посвои во 2008 година. Откако Анџелина и Бред се разделија во 2019 година, Пакс му напиша неколку непријатни зборови на својот татко за Денот на таткото следната година.
„Ги направивте животите на најблиските до мене пекол. Можете да си кажете себеси и на светот што сакате, но вистината еден ден ќе излезе на виделина. Среќен ден на таткото, е*ано, ужасно човечко суштество“, саркастично заклучил тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата