На синоќешниот настап на српскиот музичар Михајло Веруовиќ - Војаж во Охрид се случил вистински скандал кога среде настап интервентната единица на локалната полиција го отстранила од бината.
Публиката била изненадена бидејќи, како што пренесуваат медиумите во соседството, Војаж бил симнат од бината без најава, па во првите неколку минути сите биле во шок, а некои врескале од страв. Откако полицијата го известила зошто интервенирале тој им се обратил на своите следбеници со следнава изјава:

- Поради интервенција на полицијата бев принуден да го прекинам настапот во Охрид. Поради преголемата посетеност и безбедносната проценка на државните органи, интервентната единица реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцената. Охрид, бевте одлични, многу ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна, но не можеме да одиме против одлуките на државните органи. Се надевам дека наскоро ќе успееме да го надоместиме ова и да направиме уште поголем спектакл. Ве сака Војаж и ви благодарам за разбирањето..., напишал Војаж.
Инаку, пред неколку дена доживеа непријатност на настапот на фестивалот во Цетиње, кога од публиката кон него почнаа да летаат лименки и чаши, што го принуди веднаш да го прекине настапот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата