Видеото на кое Николе ја турна раката на Салма стана вирално, а фановите забележаа дека актерките во тој момент се судрија, објави Пипл.
Наводно, Хајек побарала совет од Кидман, на што Никол ѝ рекла дека „не ѝ треба“ совет.
„Ми треба“, одговорила Хајек.
Меѓутоа, сега читателот на усни Џереми Фримен откри за Page Six што верува дека рекле актерките.
„Да се свртиме овде, во ред, еве“, наводно рекла Салма, на што Никол одговорила: „Еј, добро сум. Ете, доста е, во ред е“.
Салма потоа рекла: „Мораме...“ и ја ставила раката на рамениците на пејачката Кети Пери која во тој момент била со нив.
„Тоа е добро“, рече Салма потоа.
@gala.fr #salmahayek #nicolekidman #katyperry #balenciaga #tiktokfashion #pfw ♬ Way down We Go - KALEO
Фановите сè уште пишуваат дека разговорот меѓу двете актерки бил напнат, но некои веруваат дека Хајек и Кидман биле само уморни и под стрес, опкружени со фотографи.
Малку подоцна на социјалните мрежи се проширија и други снимки кои се направени таа вечер, а на нив, како што пишува Page Six, се гледа дека актерките нормално разговараат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата