Гледајќи наназад кон својата кариера, таа откри кој е нејзиниот омилен романтичен партнер на екранот, а нејзиниот одговор изненади многумина.
Без многу размислување, актерката ја издвои Пенелопе Круз, со која глумеше во романтичната драма „Вики Кристина Барселона“ од 2008 година. „Морам да признаам, Пенелопе беше одлична“, рече Јохансон. „Таа е полна со страст и живот, а нема брада, што дефинитивно е плус“, додаде таа, пишува списанието Far Out.
Љубовен триаголник во филмот на Вуди Ален
Во филмот, Кристина, која ја игра Јохансон, и Марија Елена, која ја игра Круз, беа дел од љубовен триаголник со Хуан Антонио Гонзало, кој го игра Хавиер Бардем. Нивната приказна вклучуваше страсен бакнеж, а токму соработката со Круз остави најголем впечаток кај Јохансон.
Иако Јохансон ја издвои Круз како нејзина омилена партнерка, самата Круз не го сметаше снимањето за толку романтично. Таа ја опиша сцената со бакнежот како „најмалку секси нешто што можете да замислите“, објаснувајќи дека за време на снимањето биле опкружени со „околу шеесет членови на екипата кои јаделе сендвичи со салама“.
Јохансон го спомена и Хју Џекмен, со кого работеше во филмовите „Scoop“ и „The Prestige“, како „прекрасен“ партнер. Сепак, на крајот Круз повторно доби предност. „Сè уште би ја кажала Пенелопе, и тоа само затоа што нема брада“, заклучи актерката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата