logo
logo
logo

„Супермен“ ѝ се приклучи на борбата против нелегални имигранти во САД

Vecer | 07.08.2025

„Супермен“ ѝ се приклучи на борбата против нелегални имигранти во САД

 Глумецот тоа го соопшти и во видео на својот интернет-простор.

- За оние кои не знаат, јас сум службеник за спроведување на Законот под заклетва, а напоредно и филмаџија, па сметав дека е важно да им се придружам на нашите први одговорни лица, за да помогнам во обезбедувањето на безбедноста на сите Американци, а не само да зборуваме за тоа. Значи, се придружив, рече 59-годишниот Кејн.

Тој ги повика и своите следачи да ѝ се придружат на ИЦЕ, со што ќе имаат придобивки, вели, и за заедницата, и лично за себе.

„Приклучете ѝ се на ИЦЕ. Ни треба Вашата помош за да ги заштитиме САД“, напиша американскиот глумец над видеото.

Смета дека така ќе ѝ се помогне на Америка, и ќе се сочува безбедноста на татковината и на своето семејство. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk