Со нив беше музичарот Кид Рок и претседателот на УФЦ Дејна Вајт, кој јавно го поддржа Трамп за време на американските избори.
Трамп цело време го следеше натпреварот во кој Џонс славеше. Нокаутот дојде во втората половина од третата рунда, откако Џонс апсолутно доминираше во текот на целата борба. По поразот Миочиќ објави дека се пензионира, а Џонс се заблагодари на Исус и Трамп.
"Сакам да му се заблагодарам на Исус Христос. Да не беше тој, немаше да бидам тука. Знам дека милиони луѓе ширум светот го гледаат ова. Исус ве сака и тоа е сè што имам да кажам. Голема благодарност до претседателот Доналд Трамп што бев овде вечерва“, рече Џонс и почна да го имитира танцот на Трамп додека новоизбраниот претседател на САД се смееше во првиот ред до октагонот.
„Горд сум што сум христијански американски шампион!“- Додаде победникот додека новоизбраниот претседател на САД гледаше.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата