Во супер секси издание, Ријана ја најави нова колекција долна облека за Денот на вљубените, а на жешките фотографии ги покажа своите раскошни природни облини.
Иако денес е посветена на семејството и живее потивок живот, „лошата“ Ријана, која некогаш освојуваше со имиџот на непослушна девојка, сепак сака да ги покажува своите раскошни облини.
Таа го најде идеалното решение - да ја поврзе својата страст со нејзините претприемачки проекти, па одвреме-навреме ја гледаме во многу предизвикувачка долна облека, која всушност е дел од нејзината колекција „Savage“.
На социјалните мрежи се појавија нови провокативни фотографии од „убавицата од Барбадос“ со кои таа ја најави својата колекција за Денот на вљубените, на која позира во црвена чипкана долна облека, држејќи стрела и лак и играјќи го Купидон. На главата носи и видри, а опкружена е со црвени рози.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата